Учествувајте во онлајн анкетата за истражување на навиките за патувања во Скопје 15.11.2023
Скопјани ќе имаат можност да придонесат за унапредување на сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги во Скопје, како дел од изработката на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, преку пополнување на онлајн анкета. Оваа анкета е наменета за сите граѓани кои живеат во Скопје и ќе се спроведува во периодот од 15.11.2023 – 30.10.2024 година. Анкетата е целосно анонимна, а одговорите на граѓаните се потребни само во својство на статистички податок.
Заинтересираните граѓани може да се пријават на линкот https://gupskopjeanketi.mk/ и да ги следат упатствата.
Истражувањето на навиките за патување се врши за потребите на изработката на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје и во рамките на проектот за Ажурирање на транспортниот модел на Град Скопје. Познавањето на навиките при патувањата на граѓаните е од суштинско значење за идното планирање на урбаниот транспорт во градот во согласност со потребите за патување. За таа цел, неопходно е да се спроведе истражување преку кое ќе се добијат статистички податоци за навиките на патување односно користењето на различните видови транспорт, како и мислења на граѓаните во врска со политиките за урбаниот транспорт, сообраќајната инфраструктура и транспортните услуги.
Резултатите од истражувањето ќе се користат за дефинирање на мерки за подобрување на ефикасноста на транспортната мрежа, намалување на влијанието од сообраќајот врз животната средина, обезбедување на пристапни опции за транспорт за граѓаните, осигурување на безбедноста во урбаниот транспортен систем и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност