Отворен повик – двојна изложба во градот Руен 16.1.2020
Во рамки на eвропскиот проект CreArt. Network of Cities for Artistic Creation објавен е Отворен повик за двојна изложба во градот Руен во Франција, партнер на Град Скопје во овој проект.
Градот Руен, во соработка со уметничкиот фестивал Руен Импресионе, ги поканува сите уметници од мрежата CreArt (родени или жители на Ваљадолид - Шпанија; Џенова и Лече - Италија; Клермон - Феранд / Франција; Загреб - Хрватска; Каунас - Литванија; Лублин и Катовице - Полска; Авеиро - Португалија; Скопје - Северна Македонија, да аплицираат на отворениот повик.
Фестивалот Руeн Импресионе е исклучителна улична уметничка изложба во градот на отворен простор, на која се прикажани мурали од локални, национални и меѓународни уметници, поканети да комуницираат со урбаното и социјалното опкружување на нивните продукции.
Повикот е отворен до 27.01.2020 година.
Повеќе информации на следниов линк:
- ВЕСТИ
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
