Градоначалничката Арсовска се сретна со Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје 17.1.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, оствари средба со претставници од Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, со кои разговараше за клучните проблеми со кои се соочуваат овие лица и потребата од итни решенија, како од Град Скопје, така и од централната власт.
Реализацијата на проекти за вработување на лица со оштетен слух, ангажирање на повеќе образовни асистенти за глуви деца во образовниот процес, овозможување простор и термини за спортски активности, се дел од барањата кои беа истакнати на оваа средба од Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје.
Градот посветено ќе работи на инклузија на лицата со попречености за остварување на нивните права, како еден од приоритетните проекти во овој четиригодишен мандат на Арсовска во Град Скопје.
- Град Скопје веќе ја започна имплементацијата на дел од проектните активности кои ги вклучуваат овие лица од нашиот град. Најголем дел од нивните барања се дел од програмата на Град Скопје и мои лични заложби, со цел заеднички да направиме Скопје да биде град пристапен и достапен за сите граѓани. Скопје треба да биде град кој гарантира квалитетен живот за сите категории граѓани, вклучувајќи ги и лицата со оштетен слух - вели градоначалничката Арсовска.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност