Лабаратории и фотоволтаици во средното училиште „Михајло Пупин“ 18.1.2023
Денеска во Средното училиште на Град Скопје Михајло Пупин, го промовиравме отпочнувањето на проектот за изградба на специјализирани лаборатории за профилот Електротехничар – Енергетичар, за кое училиштето е добитник на грант од Regional Challenge Fund. На училиштето ќе се изгради и дополнителна фотоволтаична централа.
СЕТУ Михјло Пупин како носител на проектот во соработка со партнер компании од приватниот сектор, доделените средства ги намени за изградба на супер специјализирани лаборатории во училиштето на простор од 300м2, за практична настава за профилот Електротехничар - Енергетичар.
Во овие лабаратории за креирање идеи од областа на енергетиката сегашните и идните ученици ќе изведуваат практична настава и вежби од електротехничка струка со помош на електроинженерите од училиштето, како и со инженерите кои работат и се дел од компаниите.
Градот Скопје има стручно училиште кое ќе претставува носител на електро струката во Македонија, со високи стандарди и како такво се носи рамо до рамо со најдобрите европски училишта од електро струката.
Со овој грант лабораториите и работилниците ќе се опремат со машини и инструменти, а учениците ќе ги изведуваат вежбите во реални услови и ќе бидат целосно подготвени за пазарот на труд веднаш по завршување на средното образование.
Овој профил е дел од дуалното образование, со чие воведување во образовниот процес и изведување практична настава во самите училишта на средношколците им се овозможува да се стекнат со практични знаења и да бидат веднаш вклучени во производствениот процес без дополнителна потреба од доквалификација.
- ВЕСТИ
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност