Изградени 10 нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров – продолжуваат градежните активности за изградба на нова патна инфраструктура 19.7.2022
Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог од Град Скопје, интензивно работат на изградбата на нови улици во населените места во општина Ѓорче Петров и досега се изградени 10 нови улици со вкупна површина од околу 4200 квадратни метри. Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.
Градежни активности деновиве се реализираат на улицата 73 во населеното место Волково, на вкупна површина од околу 350 квадратни метри.
Во рамките на досегашните градежни активности, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населено место Кисела Јабука на површина од 2590 квадратни метри. Во населеното место Ново Село асфалтирани се улица 1 лев крак и улица 1 десен крак на површина од 560 квадратни метри, а во населеното место Волково асфалтирани се улица 3 и улица бб на површина од околу 1050 квадратни метри.
Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор продолжуваат согласно предвидената динамика. Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност