![](/media/10558/image00001.jpeg)
Град Скопје отпочна со проект за водоводна мрежа во општина Чучер Сандево 23.1.2024
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од скопските јавни претпријатија и градоначалникот на општина Чучер Сандево, извршија увид во отпочнувањето на проектот за водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка.
![](/media/10566/image00005.jpeg)
Со реализацијата на овој проект се решава горлив проблем на жителите на општина Чучер Сандево, чии потреби повеќе од 30 години беа заборавени, а барањата игнорирани. Поради старата и дотраена водоводна мрежа во овој дел жителите се соочуваат со чести дефекти, а со поставувањето на оваа нова мрежа се врши и преповрзување на постојните објекти, односно на 110 приклучоци, со што се обезбедува поквалитетен живот на нашите сограѓани.
![](/media/10561/image00002.jpeg)
Градежните активности на терен ќе опфатат реконструкции на 10 крака на улицата Бел Камен кои припаѓаат на територијата на општина Чучер Сандево и со оваа инвестиција ќе се обезбеди напуштање на досегашната водоводна мрежа која е несоодветна и со незадоволителен профил. Овој проект се имплементира на 10 улици во Чучер Сандево, што како краци гравитираат кон главната улица Бел Камен, каде се врзуваат на водоводна мрежа со профил Ø200мм.
![](/media/10563/image00003.jpeg)
Воедно најавуваме дека проектната документација и постапките за изведба на канализација во Кучевишка бара се завршени, со што отпочнува во следните недели и реализација на овој децениски очекуван проект. Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на овие предизвици е еден од приоритетите.
![](/media/10564/image00004.jpeg)
- ВЕСТИ
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност
- 21.06.2024 - Соопштение за јавност
- 20.06.2024 - Соопштение за јавност
- 19.06.2024 - Соопштение за јавност
- 17.06.2024 - Соопштение за јавност