Вонредна прес-конференција 24.10.2022
Почитувани медиуми, почитувана јавност
На почетокот би сакала да ја разјаснам ситуацијата во која што се наоѓаат јавните претпријатија на Градот Скопје,со оглед на фактот што изминативе неколку денови се шират бројни шпекулации за наводни проблеми во функционирањето.
Ова конкретно се однесува на Јавното претпријатие Водовод и Канализација кое во овој наспроти паниката која сакаат да ја креираат некои инструментализирани лица, Градот Скопје има непречено, квалитетно снабдување со вода.
Сега би сакала исто така да се осврнам и на најавите за штрајк и блокада на претпријатието. Денеска би сакала да кажам дека ги охрабрувам сите синдикални организации своето право на штрајк да го практицираат и реализираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени. Меѓутоа исто така сакам да апелирам и до работниците односно до вработените во овие јавни претпријатија да не дозволат да бидат иснтрумент, односно маша на неколкумина поединци кои што сакаат да се вплеткуваат во политички пресметки.
Сакам да потсетам дека сите закани доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација во градот Скопје. Сакам да потенцирам дека овие лица кои наводно се борат за правата на десетина вработени лица, треба да бидат доблесни и во целост да ја кажат вистината дека ова што го прават, а најавуваат дека ќе го прават во сите други претпријатија, не е борба за работнички права, туку ако го трнат нападот врз мене и нападите што ги инструментализираат против мене, бидејќи овие политички елити не можат на друг начин да се пресметуваат туку одат со лични напади, сакам да потенцирам работниците не треба да бидат нивна маша за политички пресметки, ова не е борба за работнички права.
Конкретно за Водовод не сметам дека смее да се дозволи некој да излезе и да бара оставка од некого затоа што не му се допаѓа, тоа едноставно не е целта на синдикалното организирање.
Второ, беше најавено прекин на водоснабдувањето за Град Скопје, апелирам до надлежните институии, до ЈО и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за планирање на попречување на работата и прекин на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија како би се спречило оваа закана да се реализира.
Трето, сметам дека треба доследно да појасни што се случува во ова претпријатие она што го презентираше како закана на ССМ, која излезе пред граѓаните минатата недела.
Конкретно се работи за прераспределба на десетина лица, хоризонтално, што значи дека на овие лица не им е укинато никакво право. не им е намалена платата, две од овие лица земаат плата над 60.000 денари, две од нив над 40.00 денари, меѓутоа сега ќе треба да работат.
Треба да застанеме во интерес на граѓаните и Градот Скопје.
Ова претпријатие има над 1250 вработени, ВО ИЗИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ претворено е во биро за вработување на политичките партии најголем дел од нив се амднимистративни кадри, а не технички персонал. Од оваа причина е најавена оптимизација на работните процеси и преквалификација, доквалификација и повеќе нема да можат да не одат на работа и да земаат плата или пак да одат на работа, да не работат и да земаат плата од 60000 или 40000 денари и да го оштетуваат буџетот.
Критично е и важно да се напомене дека поради тоа што се претвори во биро за вработување, Водовод не ги врши основните функции, а тоа е да инвестира во инфраструктура. Немаме водоводџии и технички персонал, а има огромен број вработени во администрација. Сите кои треба да работат на обезбедување на оваа структура - фекална и атмосферска канализација се агажираат фирми од надвор, значи во исто време се плаќа техничка администрација и фирми кои се плаќаат од надвор фирми да го работат она што треба да го работи Водовод.
Она што сакам да го нагласам е дека треба да се провери оправданоста на овие кадри, но пред се сметам дека во ниту еден случај во Градот Скопје нема да се дозволи затоа што на некој не му се допаѓа градоначалничката и директорот затоа што не сме партиски марионети да излезе да ги брани неработнички права и да се заканува со прекин на водата на град Скопје.
Сакам да ги смирам граѓаните кои ќе имаат континуирано, квалитетно и непрчено снабдување со вода и уште еднаш да ги повикам надлежните институции да постапуваат по допрен глас за онаа закана која ја имавме минатата недела.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност