Град Скопје со поддршка на Пунктот и прифатилиштето за бездомни лица 25.1.2022

Градоначалничката Арсовска и Сузана Тунева Пауновска, Секретар на Црвен крст на град Скопје, потпишаа договор за соработка помеѓу Градот Скопје и Црвен крст на град Скопје.

Со овој договор се предвидува поддршка за активностите на Црвениот крст на град Скопје за обезбедување услуги на дневно, односно времено згрижување на бездомни лица на подрачјето на град Скопје во пунктот и прифатилиштето за бездомни лица. Активностите се во рамки на проектот на Црвениот крст на град Скопје „Мислиме на бездомниците“.

Активностите на Пунктот за бездомници на Црвен крст се поддржани од Град Скопје. Прифатилиштето за згрижување и привремено прифаќање на лицата бездомници овозможува засолниште, дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена и други психосоцијални услуги. Бездомните лица во овој центар добиваат хигиенски услуги, чисти алишта, берберски услуги, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог и топол оброк.

Бездомните лица може да го повикаат тимот од Пунктот на телефонскиот број 3139 578 во Дирекцијата на Црвениот крст на град Скопје.