Соопштение за јавност 29.1.2024
Ставаме крај на неказанивоста, ставаме крај на екоцидот кој го вршат поединци на грбот на здравјето на мнозинството, со цел да заработат некој денар повеќе на загрозувајќи го животот и здравјето на македонските граѓани, и уништувајќи ја животната средина.
Сакам да ја известам целата македонска јавност дека ставивме крај на уште една дива депонија на територијата на Град Скопје, депонија која со децении ги труе скопјани.
Депонијата се наоѓа во населба Визбегово, a нашите инспектори на лице место затекнаа камиони и тешка механизација како истура токсичен смет и градежен отпад, по што беше повикана и полицијата да реагира.
Она кое што било дозволувано со години и поминувало неказнето денес се санкционира, сопствениците ќе одговараат кривично со својот имот и со својата слобода.
За крај им се обраќам на сите оние кои што со ваков екоцид штетат на здравјето на граѓаните, заврши вашето време, заврши времето на неказнивоста, одговорност ќе има за сите.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност