НАД 7000 НОВИ САДНИЦИ ГО РАЗЕЛЕНИЈА СКОПЈЕ 30.11.2019
Во есенската акција за садење што се реализира периодов, екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ засадија над 7000 нови висококвалитетни садници на различни локации во сите скопски општини.
Со есенските активности за разеленување на Скопје и уредување на нови зелени површини со висококвалитени садници беа разубавени поголемиот број градски булевари и улици и градските паркови. Како дел од акцијата подигнати се нови дрвореди, дополнети се постоечки дрвореди, обновено е средишното булеварско зеленило и уредени се нови зелени површини, како и мали зелени плоштади.
Зазеленувањето и подигнувањето на нови зелени површини останува на врвот на листата на приоритети на Град Скопје. Оваа есен беше успешно искористена да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка што непосредно влијае врз здравјето на сите сегашни и идни генерации.
- ВЕСТИ
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ
- 29.08.2024 - Соопштение за медиуми
- 27.08.2024 - Соопштение за јавност
- 26.08.2024 - Соопштение за јавност: ЗАЕДНО ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
- 23.08.2024 - Соопштение за јавност