Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот Македонија 30.3.2022
Градот Скопје во координација со екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве врши санација на оштетениот плочник, односно санација на ситната коцка, каде што имало дефект од водовод, како и прередување на мермерните плочи околу фонтаната на плоштадот Македонија.
Продолжуваат и активностите за подготовка за асфалтирање на дел од пешачката и вело патеката, како и на ископот и поставувањето рабници на булеварот Србија.
Во Градски парк се врши санација и реконструкција на пешачки патеки, како и подготовка за асфалтирање на патеките.
На булеварот Гоце Делчев пред катната гаража Судска палата екипите продолжуваат со следната фаза на реконструкција на тротоарот и отстранувањето на оштетените плочки од постојната патека што ќе се асфалтира.
Во текот на наредните денови на крстосницата на булеварот Киро Глигоров пред ФОН ќе се изведуваат градежни работи за поставување темели за семафори.
- ВЕСТИ
- 27.11.2024 - Соопштение за јавност
- 26.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност