Соопштение за јавност 16.11.2023
Градоначалничката Данела Арсовска денеска учествуваше во еко акција заедно со Ротари клуб Скопје Водно и ЈП „Паркови и зеленило“ за садење во парк шумата Водно.

Во рамките на оваа заедничка есенска акција ќе се засадат над 100 дрвја на повеќе локации во парк шумата, со цел зазеленување, пошумување и зголемување на шумскиот фонд.

Сите акции за пошумување се повеќе од добредојдени во Скопје, со цел заштита на животната средина, а садењето нови дрвја и садници, уредување нови зелени паркови површини и зелени коридори е еден од приоритетите од програмата За модерно Скопје, за која цел континуирано реализираме активности за остварување на овие цели.

Во тек е реализација на големата есенска акција за садење и за уредување на градското зеленило, а оваа акција е во согласност со нашите програмски заложби да го направиме Водно зелен штит на Скопје.

Град Скопје континуирано работи на заштита, зачувување, одржливо и совесно однесување кон природните убавини на планината Водно со цел подобрување на целокупната грижа за планината.
- ВЕСТИ
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
