Соопштение за јавност 20.6.2024

Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 24 до 27.06.2024 година (од понеделник до четврток) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

 

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.