Соопштение за јавност 11.6.2024

Ја известуваме пошироката јавност дека денес од објава на извесен организатор на SkopYard кој од 21 март без претходно добиена согласност најавувал дека на 12 јуни организира фестивал во Градскиот парк во Скопје, е објавено дека го откажува истоимениот фестивал за што како оправдување се изнесуваат лаги и невистини поврзани со Град Скопје.

Согласност за поставување од страна на Град Скопје не е издадена бидејќи е утврдено дека истите имале намера во зелен појас во Градскиот парк во Скопје да постават 12 контејнери од 1,5 тон секој, кои би се транспортирале во зеленилото со товарни возила и истоварале со виљушкар. Од страна на службите беше укажано дека има локации на кои нема да се уништи зелен појас, а на кои може да се одобри одржување на настан.

Имајќи во предвид дека во јавноста од страна на SkopYard е невистинито претставено одржувањето на настанот, а истиот воедно во обид да се оправда пред лицата на кои го најавувал настанот лажно клевети дека имал добиена согласност од Град Скопје, што е во целост невистинито, бараме јавно извинување и повлекување на изнесеното, во спротивно градот ќе покрене постапка за докажување одговорност пред надлежен суд.

Во прилог споделуваме фотографии од индустриските контејнери кои организаторот планирал да ги поставува во Градскиот парк за кои не е издадена согласност да се транспортираат со товарни возила и истовараат со виљушкар во зелен појас.