Се реконструира улица 40, крак на Македонско Косовска Бригада 20.7.2023
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари.
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува инфраструктурата во општината и се решаваат долгодишните проблеми во овој дел од градот.
Градот Скопје во подготовка е да отпочне со градежни работи и на улицата 50, со што се овозможува подобрување на дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните на оваа општина.
Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, за нашите сограѓани, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.
- ВЕСТИ
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 15.11.2024 - Соопштение за јавност
- 14.11.2024 - Соопштение за јавност
- 13.11.2024 - Соопштение за јавност
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност