Соопштение за јавност: ГРАД СКОПЈЕ ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО ЗЛОКУЌАНИ 31.5.2024

Град Скопје денес започнува со реализација на уште еден проект за реконструкција на водоводната мрежа кој е од големо значење за граѓаните. Со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата Скупи 7 во општината Карпош, целосно се менуваат старите цолови цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на потребите на локалните жители.

По инсталирањето на новата водоводна мрежа, истата се поврзува со постоечката главна мрежа на магистралната улица Скупи. На новата мрежа ќе се поврзат и постоечките корисници, со што несоодветната мрежа ќе биде напуштена.

Изведбата на овој проект преставува реализација на дел од програмата за обновување на градската водоводна мрежа, се овозможува квалитетно водоснабдување во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.