Соопштение за јавност 28.3.2024
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво.
Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво ќе ги води и следи процесите на почитување на Европскиот кодекс на однесување за сите лица вклучени во локалното и регионалното управување.
Нејзини надлежности меѓу другите се да го координира и подобри влијанието на работата на Конгресот за спречување на корупцијата во локалните власти, да известува за утврдени случаи на корупција на локални и регионални власти и да ја промовира стратегијата на Конгресот за спречување на корупцијата и унапредување на јавната етика на локално и регионално ниво.
Арсовска ќе го претставува Конгресот на сите значајни настани организирани од Советот на Европа и меѓувладиниот сектор за прашања на јавната етика и справување со корупцијата, организира и координира активности со Групата држави против корупција (ГРЕКО), со цел идентификување и размена на добри практики, решенија за предизвиците и начини за промовирање на јавната етика и спречување на корупцијата.
- ВЕСТИ
- 17.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.06.2026 - Активни Комисиите при Советот на Град Скопје
- 09.06.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 22.05.2026 - Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN
- 19.05.2026 - Соопштение за јавностa
- 05.05.2026 - Соопштение за јавноста
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
