Честитка по повод Богојавление-Водици 19.1.2023

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Македонија и дијаспората по повод големиот христијански празник - Богојавление Водици.

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, симболот на духовното раѓање и спасението, градоначалничката Арсовска присуствуваше на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар на Мостот Слобода, кој денеска по трет пат успеа да го фати Христијан Ниневски на кој Градот Скопје пожелувајќи му успех и среќа традиционално му додели златник и икона.

„Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и посакувам спокој, добро здравје и радост. Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога, со грижа и внимание за секој. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици! Бог се јави!“ - рече Арсовска.

- ВЕСТИ
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
