Соопштение за јавност 09.3.2024

Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето за граѓаните во сите градски населени места, согласно со проектите од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторот за уредување и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, извршија увид на градежните работи на реконструкција на водоводна мрежа на ул.Антон Попов во општината Гази Баба.

Со изведбата на водоводни приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа.

Изведбата на приклучокот преставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот.