![](/media/10406/kalos-dani.jpg)
Соопштение за јавност 29.11.2023
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски извршија увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Калош Дани во општина Карпош.
- Градот Скопје во изминатиот период реализира голем број на капитални инфраструктурни проекти со кои овозможуваме подобра поврзаност и мобилност на граѓаните, како и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Екипите на јавното претпријатие Улици и патишта кои работат активно на терен, ќе ги изведат градежните работи на коловозот на улицата во вкупна должина од 2000 метри, а предвидени се соодветни вело и пешачки патеки со што се реализира уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, за развој на велосипедската мрежа од приградските населби кон централното градско подрачје. - истакна градоначалничката Арсовска.
На оваа локација, потребно е да се изврши и реконструкција на секундарната сообраќајна мрежа, која во моментов е во многу лоша и руинирана состојба, со огромни ударни дупки и е небезбедна за учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на улицата Калош Дани е од витално значење и се реализира на барање на граѓаните кои се движат секојдневно на овој потег – рече градоначалникот Јакимовски.
Реконструкцијата на оваа улица се реализира со меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и Општина Карпош, а градежните работи ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.
- ВЕСТИ
- 02.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 01.07.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 29.06.2024 - Соопштение за јавност
- 26.06.2024 - Соопштение за јавност
- 21.06.2024 - Соопштение за јавност
- 20.06.2024 - Соопштение за јавност
- 19.06.2024 - Соопштение за јавност
- 17.06.2024 - Соопштение за јавност