П О К А Н А

27.09.2016 Утре /28.09.2016 година (среда)/, на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и балет, во 11 часот, ќе се одржи конференција за медиумите, на која ќе бидат објавени деталите за претстојниот 10 по ред Фестивал на виното Вино-Скоп 2016, што ќе се одржува од утре до 2 октомври.

Повеќе

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈАНОВСКИ ИЗВРШИ УВИД ВО ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ

24.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /24.09.2016 година, сабота/ изврши увид на градежните работи на поголем број на капитални проекти, кои се реализираат од страна на Град Скопје.

Повеќе

ГОЛЕМО ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

22.09.2016 Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци денеска /22.09.2016 година/ учествуваа во големото велосипедско дефиле што на градските улици се возеше по повод 22 Септември - Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилност 2016.

Повеќе

ПОКАНА

21.09.2016 Градот Скопје Ве поканува на големото велосипедско дефиле што утре /22.09.2016 година, четврток/ ќе се вози на градските улици по повод 22 Септември - Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2016. Дефилето ќе стартува во 11 часот кај Порта Македонија.

Повеќе

ВЕЧЕР ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ НА 41.МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР

21.09.2016 Љубителите на театарската уметност вечер /21 септември/ ќе можат да уживаат во претставата „Вашето кралство“ на трупата „Форте компани“ од Унгарија, по текст на Шандор Тар и во режија на Чаба Хорват, што официјално ќе го отвори 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“.

Повеќе

ФОРУМ ЗА ПАМЕТНА МОБИЛНОСТ И ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОМИНУВАЊЕ ЗЕЛЕН ДЕН ВО СКОПЈЕ

21.09.2016 Денеска /21.09.2016 година/ во просториите на Јавна соба – Центар за дизајн и иновации се одржа форумот „Паметна мобилност, силна економија“, а беше објавен и повикот „Како да поминете еден поинаков, зелен ден во Скопје“

Повеќе

ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА ГРАД СКОПЈЕ

18.09.2016 Утре /19.09.2016 година, понеделник/ во 13 часот, Советот нa Град Скопје ќе ја одржи својата 71-ва седница. На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред: - Усвојување на записниците од шеесет и деветтата и седумдесеттата седница на Советот на Град Скопје

Повеќе

ПОКАНА

18.09.2016 Градот Скопје Ве поканува на презентацијата на меѓународниот проект „Сподели возило“, односно SocialCar, што е закажана за утре /19.09.2016 година, понеделник/ во 9 часот, во Салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Повеќе

ПОКАНА

17.09.2016 Градот Скопје Ве поканува на велопикникот и промоцијата на тематската карта за Паркот на природата „Гази Баба“ што се закажани за утре /18.09.2016 година, недела/ во 11:30 часот, на големата ливада (над стадионот на „Металург“) во Паркот на природата „Гази Баба“.

Повеќе

ТРЕТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ НА КОМАРЦИ

15.09.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека третиот наврат од авионската и од терестричната дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 17.09.2016 година (авионска), а на 19.09.2016 година (терестрично) на подрачјето на град Скопје, односно:

Повеќе

НЕДЕЛНА МУЗИЧКА ПРОМЕНАДА НА ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

15.09.2016 Градскиот дувачки оркестар на 18 септември 2016 година (недела), со почеток во 10:30 часот, ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“. Музичарите ќе тргнат од пред Музеј на град Скопје кон улица „Македонија“ и ќе се движат до плоштадот „Македонија".

Повеќе

ПОКАНА

15.09.2016 Градот Скопје Ве поканува на отворањето на Европската недела на мобилност 2016, неделата посветена на одржливиот урбан транспорт, што е закажано за утре /16.09.2016 година, петок/ во 10 часот, во Салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Повеќе

18.10.2016

15.09.2016 КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2017 ГОДИНА

Повеќе

41-ТО ИЗДАНИЕ НА МЛАД ОТВОРЕН ТЕАТАР

14.09.2016 Од 21 до 27 септември сите љубителите на театарската уметност ќе можат да уживаат следејќи ја програмата на 41-то издание на фестивалот Млад отворен театар, во организација на Младински културен центар, а под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија.

Повеќе

БОГАТА ПРОГРАМА НА „ЗВУЦИТЕ НА ЧАРШИЈАТА 2016“  И НА „СИТЕ ЗАЕДНО“

14.09.2016 На тесните улички на Старата скопска чаршија утре /15 септември, четврток/ и на 16 септември, петок, ќе се одржат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“„ тие ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани.

Повеќе

НОВ ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

14.09.2016 Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од четврток (15.09.2016 год.) ќе почне со изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“, во насока од Дексион кон Центар, и за таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај.

Повеќе

РАЗНОВИДНА ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2016

13.09.2016 Градот Скопје и годинава ќе се приклучи кон големото семејство градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста 2016 и со низа активности ќе ги одбележи деновите на алтернативната и одржлива мобилност.

Повеќе

ОБУКАТА НАМЕНЕТА ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

12.09.2016 Во среда /14.09.2016 година/ во 12 часот, во салата на Советот на Град Скопје (бул.Илинден бр.82, барака 14) Градот Скопје ќе организира обука наменета за индустријата за храна и пијалаци, на тема „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“

Повеќе

 ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ЗА ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

12.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот празник Kурбан Бајрам, и им посакува здравје, среќа и семејна хармонија.

Повеќе

ЦЕЛОСНО МОБИЛИЗИРАНИ ЕКИПИТЕ НА ГРАДСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

11.09.2016 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вечерва /11.09.2016 година, недела/ одржа состанок со градоначалниците на општините на Град Скопје, нивни претставници, директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје

Повеќе