Решени 1.000 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

15.02.2022 На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.142 барања, од кои решени се дури 1.000.

Повеќе

Средишната жардиниера на булеварот 12.Македонска бригада доби нов и уреден лик

15.02.2022 Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, изминативе денови ја реконструираа средишната жардиниера на булеварот 12.Македонска бригада, во општината Аеродром.

Повеќе

ЗЕЛС ургентно бара состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза

15.02.2022 На денешната четврта седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), едногласно е изгласан заклучок да се побара итен состанок со Владата со цел изнаоѓање на решение за проблемите предизвикани од енергетската криза.

Повеќе

Се асфалтира булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт

15.02.2022 Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт. Овие градежни активности се дел од проектот за изградба и пробивање на булеварот АСНОМ низ Керамидница кон Аеродром.

Повеќе

Арсовска на средба со урбаните заедници во Општина Центар

15.02.2022 Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска одржа координативен состанок со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, претставници на урбаните заедници од општина Центар, на која присуствуваа и претставници на јавните градски претпријатија и на градската администрација

Повеќе

ЈП „Паркови и зеленило“ со акција за чистење покрај кејот на реката Вардар и во Градскиот парк

14.02.2022 Во текот на викендот екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ спроведоа акција за чистење на кејот на реката Вардар, како и во Градскиот парк, од отпадоците кои беа расфрлани на повеќе локации, како покрај кејот, така и на тревните површини.

Повеќе

Засилени контроли на терен на градските комунални редари

14.02.2022 Комуналните редари на Град Скопје периодов вршат засилени контроли на терен, при што се изречени 32 казни за прекршување на Законот за јавна чистота

Повеќе

Арсовска на традиционалното одбележување на празникот Св.Трифун во село Кучково

14.02.2022 По повод христијанскиот празник Свети Труфун, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваа на традиционалното закројување на лозови насади во скопско Кучково, општина Ѓорче Петров.

Повеќе

Започнува формирањето зелени коридори низ Скопје

14.02.2022 Денеска во Бутел започна акцијата за хортикултурно уредување со формирање на зелен коридор на улица Бутелска.

Повеќе

ЈП Улици и патишта ја санираат главната улица во општина Сарај

13.02.2022 Eкипи на Град Скопје и ЈП Улици и патишта извршија санација на поголемите оштетувања на коловозот на ул.20 во општина Сарај, односно од влезот кај мостот во Сарај до клучката за патот кон езерото Треска

Повеќе

ЈП „Паркови и зеленило“ го уредува паркот „Скулптурa” во општина Гази Баба

13.02.2022 Изминатите денови теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија раззеленување на зелените појаси покрај коловозите низ градот, како и во неколку паркови во населените места низ скопските општини.

Повеќе

ЈП Улици и патишта санираат оштетувања на улиците и поставуваат сообраќајна сигнализација

12.02.2022 Eкипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта во текот на вчерашниот ден на булевар Свети Климент Охридски извршија обнова на флексибилни столпчиња на велопатеката, а на потегот од улицата Загребска до Детската клиника санираа ударни дупки

Повеќе

 Објавен јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита

12.02.2022 Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година

Повеќе

Во тек е јавната набавка за дезинсекција на Градот Скопје за 2022 и 2023 година

11.02.2022 Согласно со надлежностите и Програма за спроведување на дезинсекција на подрачјето на градот, Град Скопје навреме ќе го отпочне третирањето против комарци и ларви од комарци во Скопје.

Повеќе

Отстранети од јавни површини непрописно паркирани 121 возило

11.02.2022 Преземени се мерки за 121 автомобил непрописно паркирани на јавни површини. Овие неправилности се утврдени за само една недела на контрола низ Скопје.

Повеќе

Нови дрвореди на булеварите Илинден и 8-ми Септември

10.02.2022 Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засадија нови квалитетни садници на булевар Илинден и на булевар 8-ми Септември. Нови дрвореди составени од квалитетни зимзелени и листопадни дрвја ќе ги раззеленат двата булевара.

Повеќе

Арсовска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија - Хозе Луис Лозано Гарсија

10.02.2022 Градоначалничката Арсовска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија. Арсовска и Гарсија споделија мислења во однос на тековните и идните активности на Градот Скопје, но и можноста за заедничка соработка.

Повеќе

Град Скопје хортикултурно уредува нови зелени јавни површини

09.02.2022 Град Скопје во 2022 година отпочнува со реализација на оформување нови зелени површини во Скопје, на кои се засадуваат дрвја и садници од различен вид

Повеќе

ЈП „Водовод и канализација“ со низа активности на барање на граѓаните

09.02.2022 Во текот на целиот вчерашен ден екипите на ЈП „Водовод и канализација“ извршија поголем број на интервенции на територијата на Скопје

Повеќе

Санирање на улиците и нова сообраќајна сигнализација на булеварите

09.02.2022 Во текот на вчерашниот ден екипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта извршија санација на крупните оштетувања на коловозите на улицата Димитрија Чуповски и на булеварот Партизански одреди

Повеќе