28.07.2019Денеска се изведува финалното асфалтирање на коловозот на улицата Лазар Личеноски, а во наредните неколку денови ќе се изврши и целосната санација на пешачките патеки.
27.07.2019Со голем број на настани и манифестации, вчеравечер /26 јули 2019 година (петок)/, се одбележа 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови.
27.07.2019Големата акција за чистење и уредување на јавните површини која ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини денеска продолжи во Аеродром, Шуто Оризари, Гази Баба, Чаир и во Бутел.
27.07.2019Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи утре ќе се воведе привремен сообраќаен режин на дел од улицата Лазар Личеноски.
26.07.2019Денеска (26.07.2019 година, петок), на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.
26.07.2019Големата акција за чистење и уредување на јавните површини која ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини денеска се одвива во општините Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.
25.07.2019Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина.
25.07.2019Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (26.07.2019 година, петок), поради влегувањето во нова фаза на градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе има промена во сообраќајниот режим на дел од бул. Гоце Делчев.
24.07.2019Агенција за вработување на Република Северна Македонија објави Јавен оглас до евидентирани невработени лица за да се пријават за обука за побарувани занимања на пазарот на трудот – оџачар во Скопје.
24.07.2019Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности.
23.07.2019По добиеното барање од група граѓаните од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните коишто се организираат во рамките на манифестацијата „Самерленд“, што се организира во Градскиот парк, Градот Скопје донесе одлука за скратување на траењето на активностите
22.07.2019Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Кочо Рацин, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.
22.07.2019По повод мерката враќање на 15% од пресметаниот ДДВ, во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“ на кој скенираше фискална сметка и градоначалникот Шилегов.
17.07.2019„Господ постои, името и е Петрунија“ и „Џган“ се двата македонски филма што граѓаните ќе можат бесплатно да ги погледнат во киното на отворено, во Градскиот парк, како дел од програмата на Самрленд 2019.
17.07.2019Советот на Град Скопје денеска ја одржа петтата вонредна седница на која донесе одлуки со кои се поништија претходните договори и постапки за давање на депонијата „Дрисла“ под концесија и истата повторно станува јавно претпријатие кое е во надлежност на Градот Скопје.
17.07.2019Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот Партизански одреди, од денеска ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
16.07.2019Во рамки на европскиот проект Креарт (CreArt) се распишува јавен повик за пријавување за учество на Семинар за куратори, коj ќе се одржи од 3 до 5 октомври во Национална галерија на Македонија „Даут Пашин Амам“.
15.07.2019Денеска се затвори вториот јавен повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година, кој беше објавен на 26.06.2019 година, бидејќи се исцрпени предвидените финансиски средства.
14.07.2019Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.