ДОСЕГА ОТСТРАНЕТИ 2.754 КУБНИ МЕТРИ СМЕТ ОД ДИВИТЕ ДЕПОНИИ

20.12.2017 Големата акција за чистење на Скопје продолжува во полн ек. Екипите на јавните градски претпријатија досега ги исчистија улиците и јавните површини во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Чаир и во Шуто Оризари. Последниве два дена акцијата се спроведува во општината Карпош.

Повеќе

Градоначалникот Шилегов оствари средба со Градоначалникот на Тирана

20.12.2017 Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во рамки на посетата на Тирана оставари средба со Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај. На средбата беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двата збратимени града и разменување на искуства во интерес на граѓаните.

Повеќе

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА СПОРТСКИТЕ НАГРАДИ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2017 ГОДИНА

20.12.2017 Сојузот на спортските федерации на Македонија денеска (12.12.2017 година, вторник) го објави Koнкурсот за доделување на награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2017 година.

Повеќе

ПРОМЕНИ ВО МОДЕЛОТ И ПЕРЦЕПЦИЈАТА ЗА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

20.12.2017 Градот Скопје денеска беше домаќин на промоцијата на документот Промени во моделот и менувањето на перцепцијата за средното стручно образование во Република Македонија изработен во рамките на проектот „Форум за јавни политики“ од Фондацијата „Фридрих Еберт“ и од Институтот за социјална демократија„.

Повеќе

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ И ИЗБОР НА НАЈДОБРО КАФУЛЕ ЗА 2017 ГОДИНА

20.12.2017 Град Скопје, традиционално во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ-Скопје избираат „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ и најдобро кафуле во град Скопје. Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по десети пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе барови.

Повеќе

ДА СПОДЕЛИМЕ ИДЕИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

20.12.2017 Градоначалникот Петре Шилегов ги поканува граѓаните да ги споделат своите одржливи идеи, искуства и сознанија за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје. Средбата со граѓаните е закажана за во понеделник (18.12.2017 година) од 12:30 до 14 часот.

Повеќе

ПОКАНА ЗА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

20.12.2017 Утре /19.12.2017 година, вторник/ во 11 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата трета седница.

Повеќе

18.12.2017

19.12.2017 ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

Повеќе

САЕМ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО И АКТИВНО ГРАЃАНСТВО „АКТИВНО ГРАЃАНСТВО = ПОДОБРО ОПШТЕСТВО“

15.12.2017 Вчера (06.12.2017 година, среда) во Младинскиот културен центар се одржа Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје. НВО Саемот, кој се одржа по трет пат, оваа година беше организиран под мотото „Активно граѓанство = подобро општество“.

Повеќе

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ НА СКОПЈЕ

15.12.2017 Есенската акција за садење 615 дрвја на јавните површини на повеќе локации низ градот Скопје, која започна во општина Аеродром, денеска се одвиваше во општината Карпош.

Повеќе

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА

15.12.2017 Град Скопје е подготвен за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. Утрово беа регистрирани првите врнежи на снег оваа сезона по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа.

Повеќе

ПОКАНА

15.12.2017 Градоначалникот Петре Шилегов утре (14.12.2017 година, четврток) во 12 часот ќе одржи прес-конференција во салата до кабинетот на градоначалникот на Град Скопје (барака број 4).

Повеќе

ПОКАНА

15.12.2017 Градот Скопје Ве поканува на презентацијата на извештајот на работната група за следење на состојбата во работата на стационарот за хуман третман на уличните кучиња – Вардариште, што ќе се одржи утре (15.12.2017 година, петок) во 12 часот, во Салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

Повеќе

ПОКАНА

15.12.2017 Градоначалникот Петре Шилегов денеска (15.12.2017 година, петок) во 13 часот ќе даде изјава за медиумите во Првиот семеен центар на Град Скопје што се наоѓа на улицата Костурски херои број 50 (во близина на „Вучко“, зад Универзалната сала).

Повеќе

НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР

13.12.2017 Градскиот дувачки оркестар утре (12 декември, вторник) во 19 часот, во Денсинг салата на МКЦ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.

Повеќе

ПОКАНА

13.12.2017 Градот Скопје Ве поканува на потпишувањето на анексот на меморандумот за разбирање за студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителна станица за град Скопје, што е закажано за утре (13.12.2017 година, среда) во 12 часот, во салата до Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје.

Повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

12.12.2017 Делегација на Град Скопје, составена од Претседателот на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева, Секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска- Мадиќ и советникот во Советот на Град Скопје, Ирена Попова, (денеска 07.12.2017 година), по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“ – 8 Декември.

Повеќе

БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ОБЈЕКТИТЕ ОКОЛУ ВАРДАР СЕ ПРИОРИТЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

12.12.2017 Обилните врнежи од дожд кои го зафатија Скопје во текот на изминатите денови предизвикаа излевање во мајор коритото на реката Вардар и штета на скапо платените објекти од проектот „Скопје 2014“.

Повеќе

ЕНВЕР МАЛИЌИ НОВ ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

12.12.2017 Членот на Советот на Град Скопје, Енвер Малиќи е новиот заменик градоначалник на Скопје. Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник.

Повеќе

КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО СКОПЈЕ

12.12.2017 Денеска /8 ноември 2017 година, среда/ во Клубот на пратеници во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и заменик-министерот Јани Макрадули одржаа состанок со градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов.

Повеќе