Преку проектот „За безбеден град“ до побезбедни училишта  во Скопје

22.02.2022 Во Големата сала на Советот на Град Скопје, се одржа меѓуинституционална кординативна средба за продолжување на проектот „За безбеден град“.

Повеќе

Арсовска: Безбедноста на граѓаните мора да биде пред се’, Градот ќе ги решава грешките на Шилегов

22.02.2022 На денешната прес-конференција во врска со реконструкцијата на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека на 6-ти јули 2021 година е изготвен записник во кој што јасно се нагласува дека постојат проблеми со постојната состојба на проектот, односно неусогласеност на проектот со постојната состојба на Универзална сала

Повеќе

Арсовска: Власта да реши дали поважни им се политичките поени да ги маскираат сопствените грешки или безбедноста на граѓаните?

22.02.2022 Апелирам до министерката за култура како претставник на Владата, но и гласноговорниците на владејачката СДСМ во советот на Град Скопје да престанат со изнесување на информации кои единствено служат за манипулирање и извртување на фактичката состојба и покрај тоа што самите тие се запознаени и учествувале во креирање на проблемот во реализацијата на овој проект

Повеќе

Шилегов предизборно импровизирал, реконструкцијата на Универзалната сала се одвивала по проект кој не гарантира безбедност

22.02.2022 Проектот за реконструкција на Универзална сала е подготвен нестручно и непрофесионално, од страна на претходното градско раководство, кое знаело за проблемите кои постојат при изведувањето на овој проект, но истото го сокриле од јавноста.

Повеќе

Исчистен просторот под скопското Кале – отстранети 15 кубни метри отпад

21.02.2022 Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ викендов реализираа голема акција за чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар на тој потег.

Повеќе

Решени 1.077 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

21.02.2022 На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.273 барања, од кои решени се дури 1.077 проблеми.

Повеќе

Целосно обновено осветлувањето на паркингот под Транспортен центар

21.02.2022 Екипи на Град Скопје викендов целосно го обновија осветлувањето на паркингот под Транспортен центар во делот кај поштата, како и осветлувањето на сервисната улица на тој потег.

Повеќе

Дрисла станува модерна депонија со нов стерилизатор за медицински отпад

21.02.2022 Медицинскиот отпад наместо да се согорува ќе се стерилизира и депонира.

Повеќе

Засилени контроли на терен на градските комунални редари

20.02.2022 Комуналните редари на Град Скопје неделава продолжија со засилените контроли на терен, при што изречени се 18 казни за прекршување на Законот за јавна чистота

Повеќе

Санкции за превозници без лиценци во Скопје за зголемена безбедност

20.02.2022 Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вчера при спроведување на редовна контрола на шлеп служба возила што превезуваат хаварисни и возила во дефект, санкционирале 4 превозници кои без лиценци вршеле дејност

Повеќе

Изминатата недела над 3500 граѓани ја користеле жичницата на Водно

19.02.2022 Во периодот од 10 до 17 февруари жичницата од врв на Водно ја користеле 3542 граѓани, додека од нив 2590 граѓани за време на викендот. Ова говори дека е голем интересот на скопјани за возење со жичницата од нејзиното реактивирање

Повеќе

Зголемена безбедноста на улицата Коце Металец

19.02.2022 По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве изградија подигнати пешачки премини на улицата Коце Металец за подобрена безбедност во сообраќајот во овој дел на градот

Повеќе

Усвоена програмата на Советот на потрошувачи на Град Скопје

18.02.2022 Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите.

Повеќе

ЈП „Лајка" во сабота организира отворен ден за вдомување на кучињата

18.02.2022 ЈП „Лајка“ утре, сабота /19.02.2022 година/, од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

Повеќе

„Градски паркинг“ со санкции за 80 непрописно паркирани возила на јавни површини

18.02.2022 Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 80 возила од јавни површини.

Повеќе

Нов дрворед на булеварот Илинден

18.02.2022 ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засади нови квалитетни садници на булевар Илинден спроти градските бараки.

Повеќе

Се врши увид на капацитетите за паркирање во општина Чаир, се планираат нови монтажни катни гаражи на неколку локации во Скопје

18.02.2022 Со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места ќе се решат долгогодишните проблеми со паркирањето во овој дел од градот.

Повеќе

Отворен нов пункт за наплата на ЈП Водовод и канализација  во ТЦ Капитол

17.02.2022 ЈП Водовод и канализација со цел да овозможи поголема достапност за граѓаните за плаќањето на сметките постави апарат за наплата во ТЦ Капитол во Аеродром на вториот кат во трговскиот центар.

Повеќе

Поставена нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк

17.02.2022 Детскиот културен центар „Карпош“ деновиве постави нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк, заменувајќи ја старата која беше оштетена. Вакви куќарки за размена на книги во моментов се поставени во Градскиот парк, паркот „Ибни Пајко“, како и во дворот на ДКЦ „Карпош“.

Повеќе

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Беласица

17.02.2022 Градот Скопје ги известува граѓаните дека на улицата Беласица ќе се воведе изменет режим на сообраќај со почеток од утре (18.02.2022 година, петок) во 19 часот и ќе трае до сабота (19.02.2022 година) до 24 часот.

Повеќе