03.04.2020Советот на Град Скопје денеска, 03.04.2020 година, петок, одржува седници на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, во време на вонредна состојба во државава поради пандемијата со коронавирусот.
03.04.2020Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти конкретните мерки што ги презема Градот Скопје во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот за сите граѓани во земјава.
02.04.2020Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 26.03 до 01.04.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, не добила ниту една пријава од граѓаните.
28.03.2020Градоначалникот Шилегов, Министерот за здравство, Венко Филипче и Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести
26.03.2020Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.
26.03.2020Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 19.03 до 25.03.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 17 пријави од граѓаните.
26.03.2020Најчесто поставувани прашања за конкурсот за за избор на десетидејно-обликовни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија како дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“.
26.03.2020Градот Скопје уште еднаш потенцира дека нема да презема никакви дополнителни мерки, вклучително и присилна наплата, кон сите даночни обврзници во Скопје што имаат неподмирени долгови, додека траат препораките и мерките на Владата
23.03.2020Центарот за управување и контрола на сообраќајот ги известува граѓаните дека во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на мост на реката Вардар што ќе ги спои булеварот АСНОМ со улицата Васко Карангелевски и улицата Индустриска 1, во населбата Ќерамидница.
21.03.2020Град Скопје, јавните градски претпријатија и екипите на Противпожарната бригада на Скопје денес и утре на терен спроведуваат голема акција за дезинфекција и миење на сообраќајниците и јавните простори во сите скопски општини.
21.03.2020Оваа фотографија на Петар Прентовиќ е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.
21.03.2020Во текот на денешниот ден екипите на Град Скопје, јавните градски претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје со цистерни со специјално средство спроведоа голема акција за миење на градските сообраќајници, пешачки и велосипедски патеки, како и автобуските постојки во сите општини.
21.03.2020Како дел од активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“.
20.03.2020За да се заштити здравјето на граѓаните Градот Скопје спроведена е акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.
19.03.2020Оваа фотографија на Јехона Спахиу е победник на вчерашниот ден, на конкурсот на Град Скопје за избор на автентични фотографии, видеа или гифови од домовите на граѓаните кои го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.
19.03.2020Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 12.03 до 18.03.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала 16 пријави од граѓаните.