Претворање на неискористен отпад од храна во биометан преку локална мрежа на пумпни станици 17.3.2017

Во ЕУ годишно  се собира околу 90 милиони тони отпад од храна, или околу 180 кg по лице. Иако отпадот од храна може да се користи за производството на биогас, кој е обновлив извор на енергија, сè уште 40% од био отпадот во ЕУ завршува на депонија, а во некои земји членки речиси целосно.

Проценето е дека околу една третина од Европските 2020 цели за обновливи извори на енергија во транспортот може да се оствари преку користење на биогас добиен од био отпад и околу 2% од вкупната ЕУ обновлива енергија може да се оствари ако целиот биолошки отпад е претворен во енергија.


Во рамките на проектот, чиј партнер е и Град Скопје, на 22.02.2017 година, претставници од проектниот тим го посетија СУГС Лазар Танев, каде што направи презентација на темата „Храната како ресурс“ и се информираа учениците и наставниот кадар за отпадот од храна и потенцијалните придобивки од правилното управување. На средбата учениците и наставниот кадар покажаа особен интерес и ја поддржаа идејата во иднина да се посвети повеќе внимание на едукацијата и подигнување на свеста кај граѓаните во оваа област. На посетата се презентираа и поделија инфо-материјали кои се користат за поддигнување на свеста кај граѓаните и дисеминација на резултатите од проектот. 

На 23.02.2017 година, во хотелот Мериот, Скопје, Работна група составена од претставници на идентификувани заинтересирани страни, учествуваше на настанот „Презентација на добри практики и успешни приказни во управување со био-отпад“. Претставниците на заинтересираните страни имаа можност да се запознаат со високиот стандард на управување со био-отпад кој го применува хотелот Мериот, Скопје, кој е спроведен согласно со сите меѓународни стандарди и во целосна усогласеност со македонската регулатива. Посетата отвори дискусија која ќе придонесе кон подобро разбирање на потребата од употребата на стандарди на управување со отпад и се разговараше за насоки во подобрување на постојната  регулатива и нејзино усогласување со европската.

БРОШУРА (.pdf)

Повеќе информации поврзани за проектот може да најдете на интернет страницата www.bin2grid.eu