ПРЕЗЕНТИРАНА СТУДИЈАТА ЗА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ИПА ФОНДОВИТЕ ВО СКОПЈЕ 07.6.2018
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска во салата на Советот на Град Скопје присуствуваше на презентација на студијата „Капацитети за искористување и програмирање на ИПА фондови на локално ниво - Студија на случај: Град Скопје“. Студијата е изработена од НВО Инфоцентар во соработка со Организацијата на жени од Струмица.
- Дозволете ми да се заблагодарам за спроведеното истражување за Капацитетите за искористување и програмирање на ИПА фондовите во Град Скопје, и да напоменам дека резултатите кои ги добивме се од особено значење за нас. Ова го кажувам поради фактот што конкретните наоди од анализата ќе ни помогнат да ги лоцираме активностите кои треба да ги преземеме во насока на подобрување на постојните капацитети кои ги има Градот, особено од аспект на подобрување на перформансите на вработените, нивна дополнителна подготовка за процесите на искористување и програмирање на ИПА фондовите, истакна Јанчева.
Понатаму, додаде Јанчева, веднаш по преземањето на градската администрација, презедовме чекори за реорганизација на работата на ова поле. Тоа вклучува потесна соработка на Секторот за меѓународна соработка со преостанатите сектори во Градот преку создавање мрежа од вработени кои ќе ги спроведуваат и реализираат активностите поврзани со искористување на овие фондови.
Оваа студија ја анализира и соработката на Град Скопје со граѓанските организации и нуди препораки за зголемена апсорпција на европските фондови и подобра соработка со граѓанскиот сектор на локално ниво.
Во клучните наоди на студијата се наведува дека генералната оценка за досегашниот перформанс на Град Скопје, во поглед на неговите капацитети за искористување и програмирање на ЕУ фондовите, се карактеризира со најдобар учинок во национални рамки. Но, имајќи ги предвид, големината на Градот, буџетот со кој располага и можностите за апсорпција на дополнителни средства за развојни интервенции, има простор за значаен напредок и зголемување на процентот на искористеност на достапните фондови. Во таа насока се истакнува дека постојната политичка волја во Град Скопје треба да биде преточена во конкретни мерки и активности кои ќе водат кон зголемено искористување на фондовите што ги нуди Европската Унија.
Оваа студија е подготвена во рамки на проектот „Локален консултативен механизам ИПА2“, финансиран од Европската Унија, а нејзиниот интегрален текст можете да го најдете на интернет страницата на НВО Инфоцентар, во делот за анализи www.nvoinfocentar.mk.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
