„ПИВОЛЕНД 2017“ 15.11.2017
На Скопското Кале вчеравечер почна десеттото издание на традиционалната манифестација - Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.
Поради јубилејниот роденден, фестивалот ќе трае шест дена, од понеделник до сабота. Покрај на музиката, овој Пиволенд ќе биде посветен и на најважната споредна работа на светот ФУДБАЛОТ.
На посетителите ќе им се понудата околу 100 видови пиво, музика и фудбал- одлична комбинација за незаборавно доживување по десетти пат на Скопското Кале.
На годинешниов Пиволенд посетителите ќе се забавуваат со Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, а по подолго време со концертен настап ќе ги видиме и САФ.
Интересен настап ќе понудат и девојките од Tribute to Beyonce, а за љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во истовреме се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера.
Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.
Оваа година со одржувањето на Пиволенд всушност започнува и големата летна забава „СУПЕР СКОПЈЕ“, којашто ќе се одржува на повеќе локации низ градот Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата Скопска Чаршија, на 1 и на 2 септември на улица Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало.
Притоа на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во добра летна забава.
Фестивалот е под покровителство на градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.
Бидејќи станува збор за јубилеен роденден на Пиволенд, се подготвуваат голем број изненадувања.
Дојди, Види, Испиј! 10 години Пиволенд!
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
