ПОКАНА ЗА ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ 20.11.2017

Утре /20.11.2017 година, понеделник/ во 12 часот, Советот на Град Скопје ќе ја одржи својата втора седница.

 

На седницата Советот на Град Скопје ќе работи по следниот предложен дневен ред:

 

- Усвојување на Записникот од Првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје, одржана на 2 ноември 2017 година

 

1. Верификација на мандат на член на Советот на Град Скопје;

2. Предлог-одлуки за формирање на комисии на Советот на Град Скопје, и тоа:

 

а) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за прописи и административни работи;

б) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за статут и деловник;

в) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за буџет;

г) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за урбанизам и сообраќај;

д) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за комунални работи;

ѓ) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за заштита на животната средина и природата;

е) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за меѓународна соработка;

ж) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за именување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;

з) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за култура;

ѕ) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за спорт и млади;

и) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за социјална и здравствена заштита и заштита на децата;

ј) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за образование;

к) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за безбедност, заштита и спасување;

л) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за локален економски развој и

љ) Предлог-Oдлука за формирање на Комисија за односи и соработка со општините и здруженијата на граѓани и фондации.

 

3. Предлог-Одлука за формирање Комисија за еднакви можности на жените и мажите;

4. Извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2017 година, за периодот од 01.01. до 30.09.2017 година;

5. Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2017 година;

6. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објект Државни институции-Јавна администрација и Факултет за драмски уметности;

7. Предлог-Одлука за давање согласност за преземање на вработени;

8. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје од страна на лица со посебни потреби за 2018 година и

9. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за дополнителни активности на ЈП Комунална хигиена – Скопје во делот на јавната чистота на подрачјето на Град Скопје за период од 01.04. до 31.12.2017 година.

10. Предлог-Одлука за утврдување на надоместок на трошоците за избори на организаторите на изборната кампања за членови на Советот на Град Скопје и градоначалник на Град Скопје и

11. Предлог-Одлука за утврдување краткорочни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух на подрачјето на град Скопје.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.