ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИКOТ НА ЉУБЉАНА ФИЦКО 21.11.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и членот на Советот на Град Скопје, Билјана Секуловска-Габер денеска /03.11.2017 година, петок/ остварија средба со заменик градоначалникот на Љубљана, Тјаша Фицко.
Заменик градоначалничката Фицко му го честиташе изборот на градоначалникот Шилегов, со желба за успешна работа и проширување и продлабочување на соработката меѓу двата збратимени града.
Дополнително, Фицко на средбата упати покана до градоначалникот Шилегов да ја посети Љубљана и да оствари средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ во рамки на годишната средба на Еуроситис (Eurocities), мрежата на европски градови која оваа година ќе се одржи во Љубљана во период од 15-ти до 17-ти ноември.
На средбата беше изразена взаемната желба за продолжување на одличната соработка помеѓу двата града и продлабочување на истата, пред се со сферите на урбаниот развој на градовите, управувањето со отпад, користењето на ЕУ фондовите, соработката на повеќе европски проекти, како и продлабочување на соработка на Советите на двата града.
Со цел размена на искуства во сите овие полиња, беше договорена посета на град Љубљана, која би се реализирала до крајот на годинава, и поединечните проекти од кои Град Скопје сака да собере искуство од Љубљана.
Г-ѓа Тјаша Фицко е заменик градоначалник на Градот Љубљана од 2010 година и член на Извршниот Одбор на најголемата Европска мрежа на градови EUROCITIES.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
