ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СЕ СРЕТНА СО ШТАБОТ ЗА ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ 21.11.2017
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска /30.10.2017 година, понеделник/, одржа средба со претставниците на градскиот штаб за зимско одржување на сообраќајниците во Скопје. На средбата присуствуваа членовите на штабот од градската администрација, скопските општини, градските јавни претпријатија, сообраќајната полиција и од други субјекти вклучени во организацијата и одржувањето на улиците.
Средбата беше прва координација на која заеднички се разгледаа тековните состојби и неопходните чекори коишто ќе треба да се преземат во техничка, материјална и во персонална смисла, а со цел што поподготвено да се стартува на почетокот на сезоната од 15 ноември годинава.
За таа цел беше побарано да се решат сите приоритетни проблеми, а координациите ќе продолжат и во наредниот период којшто претстои до почетокот на сезоната, со што би се постигнал повисок степен на подготвеност. За да се постигне поголем ефект во одржувањето на улиците и на јавните површини во зимски услови, градоначалникот Шилегов за зимското одржување ќе разговара и со градоначалниците на скопските општини, во делот на нивната надлежност на првата координација.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
