ЗАВРШИ 47-ТО ИЗДАНИЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ БОКСЕРСКИ ТУРНИР „ЗЛАТЕН ГОНГ“ 17.11.2017
![]() |
![]() |
Денеска /11.11.2017 година, сабота/ во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, се одржаа финалните натпревари во рамки на 47-то издание на најголемиот боксерски турнир „Златен Гонг“.
Mедалите за дел од најдобрите учесници на овој турнир ги додели членот на Советот на Град Скопје, Драги Давчевски.
Освојувач на наградата „Златен Гонг“ е Беким Вјерда (Албанија), за најдобар македонски боксер е прогласен Денис Муаремовски, најдобар т
ехничар е Виолент Сулејмани (Косово), најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ (Србија), најдобар тренер е Кристијан Ходак (Хрватска), додека Бранислав Дамајановски (Србија) е прогласен за најдобар судија на турнирот.
Првиот „Златен гонг“ се одржа пред повеќе од четириесет години на иницијатива на легендарниот спортски работник Живко Дуковски, а во организација на Боксерскиот клуб „Скопје“ од Скопје.
Првиот победник, далечната 1969-та беше Звонимир Вуин од Југославија. Досега ова престижно признание на една од најстарите спортски Манифестации го освоиле десет македонски боксери, меѓу кои и Аце Русевски, Реџеп Јакупи, Мухамед Алија, Примислав Димовски, Мумин Вели, Фатлум Жута, Пеџеп Реџеповски, Џевад Асанов, Хами Наси и Седат Керимов.
- ВЕСТИ
- 10.03.2026 - Соопштение за јавност
- 16.02.2026 - Oтворен повик за уметнички престој во Скопје во рамките на проектот CreArt
- 06.02.2026 - Известување за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА)
- 02.02.2026 - Создаваме култура со европска одговорност: објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје - Европска престолнина на културата 2028“
- 10.01.2026 - Соопштение
- 19.12.2025 - ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)
- 19.12.2025 - Соопштение: Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
- 11.12.2025 - Почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“
- 24.09.2025 - Авионска дезинсекција против ларви од комарци
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
.jpg)
.jpg)
