Данок на имот

Информации во врска со данокот на имот како и начинот на кој можете да го извршите плаќањето

Сектор: Сектор за даноци и комунални такси
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на имот
Одговорно лице: Анита Наков и Нуредин Нуредини
Телефон: +389 2 3207 546;

Лице за контакт: Габриела Спасова - 072/204-434

email: anitan@skopje.gov.mk и NuredinNuredini@skopje.gov.mk

Работно време: 08.30-16.30 часот

 

Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот барака 16 на шалтер 1 и 2 на Град Скопје. Изготвените решенија за данок на имот се подигаат на шалтер 6 и 7 во Град Скопје;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Данок на имот се плаќа на недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање на данок според ЗДИ (Сл. весник на РМ 61/04);
  4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на Град Скопје, според Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
  5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на имот;
  6. Решението за утврден данок на имот му се доставува на даночниот обврзник – лично или по пат на пошта.
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на имот (законски пропишана форма);
  2. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, договор за купопродажба и судска одлука);
  3. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат во барака 16 на шалтер 6 и7 Град Скопје или на тел. (02)3207-546 

Рокови за постапката:

Решението за висината на данокот на данокот на имот се донесува најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот (законски рок)

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврден данок на имот

Надворешни услуги

Постави прашање: