Данок за наследство и подарок

РЕШЕНИЕ за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок
Сектор: Сектор за даноци и комунални такси
Одделение: Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на недвижности, наследство и подарок
Одговорно лице: Ана Лакордова
Телефон: +389 2 3297-543 ;

Лице за контакт: Тања Панговска - 072/916-482

email: Ana.Lakordova@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок на шалтер 1 и 2  на Град Скопје во барака бр.16. Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси  приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 50,00 денари;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот кои наследниците, односно примателите на подароци ги наследуваат, односно примаат врз основа на Законот за наследување, односно договорот за подарок (втор и трет наследен ред);
  4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на Град Скопје по претходно потпишан пропишан образец кој е во прилог на даночната пријава и извршен увид на лице место;
  5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на наследство и подарок;
  6. Решението за данок на наследство и подарок се подига од шалтер број 5 и 6;
  7. Против ова Решение може да се поднесе тужба во рок од 30 дена од денот на прием на Решението до Управниот суд на РСМ. 
Потребни документи:
  1. Даночна пријава за утврдување на данок на наследство и подарок (законски пропишана форма);
  2. Договор за подарок (број на примероци наведени во договор или нотарски акт);
  3. Наследно (судско) решение во 3 примероци (1 оригинал и 2 фотокопии заверени кај нотар);
  4. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост);
  5. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.
Рокови за постапката:

Најдоцна во рок од 1 месец ако со посебен пропис не е определен пократок рок.

Сите потребни информации за данок на промет, населдство и подарок може да се добијат во барака 16 на шалтер 1,2 и 5 или во соба бр. 3  тел: +389 2 3297-352 , +389 2 3297-280 и +389 2 3207 539

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Решение за утврдена даночна основа за данок на наследство и подарок (втор и трет наследен ред)


Постави прашање: