Контролиран режим на сообраќај
со евидентирање на движењето на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај
Одделение: Одделение за техничко регулирање на сообраќајот.
Одговорно лице: М-р Јане Илијоски, помошник Раководител на Сектор
Телефон: +389 2 3297 310
email: Jane.Ilioski@skopje.gov.mk
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
- Барателот заинтересиран за добивање на Одобрение за дотур на роба, ја поднесува потребната документација во Архива на Град Скопје (барака 16);
- Изготвување на Одобрението врз основ на доставената документација од Барателот;
- Подигнување на Одобрението од страна Барателот.
Потребни документи:
- Барање во кое Барателот треба да ја наведе локацијата на пешачката зона забранета за сообраќај, за која се бара Одобрение за вршење на дотур на роба;
- Фото-копија од сообраќајната/ите дозвола/и на возилата со кои Барателот врши дотур на роба;
- Договор меѓу Барателот кој врши дотур на роба и субјектот кој е примач на робата.
НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.
Рокови за постапката:
30 дена
Документ/акт што граѓанинот го добива:
Одобрение за утврдување на условите за контролиран режим на сообраќај со евидентирање на движењето на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај со систем на електронски картички