Контролиран режим на сообраќај

со евидентирање на движењето на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај
Сектор: Сектор за сообраќај
Одделение: Одделение за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот.
Одговорно лице: Јордан Митев
Телефон: +389 2 3217 010
email: /
Работно време: 08.30-16.30 часот
Опис и тек на постапката во чекори:
  1. Барателот заинтересиран за добивање на Одобрение за дотур на роба, ја поднесува потребната документација во Архива на Град Скопје (барака 16);
  2. Изготвување на Одобрението врз основ на доставената документација од Барателот;
  3. Подигнување на Одобрението од страна Барателот.
Потребни документи:
  1. Барање во кое Барателот треба да ја наведе локацијата на пешачката зона забранета за сообраќај, за која се бара Одобрение за вршење на дотур на роба;
  2. Фото-копија од сообраќајната/ите дозвола/и на возилата со кои Барателот врши дотур на роба;
  3. Договор меѓу Барателот кој врши дотур на роба и субјектот кој е примач на робата.

НАПОМЕНА: Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон.

Рокови за постапката:

30 дена

Документ/акт што граѓанинот го добива:

Одобрение за утврдување на условите за контролиран режим на сообраќај со евидентирање на движењето на возилата кои сообраќаат во зони забранети за сообраќај со систем на електронски картички


Постави прашање: