BIN2GRID

Проекти на Град Скопје
BIN2GRID

Име на проект: Претворање на неискористениот отпад од храна во биометан и негово доставување до локалните мрежи на бензински станици

Име на корисникот: Град Скопје

Висина на ЕУ поддршка: 34.625 евра

Времетраење на проектот: 36 месеци

Опис на проектот:Промоција на сегрегирано собирање на отпадоци од храна од специфични и различни производители на отпад (храна и пијалок, угостителство/кетеринг, граѓаните), со цел да се произведува биогориво (биометан) и да се користи преку локалните мрежи на бензински станици. Концептот на реализација на активностите во градовите се заснова врз организирање на различни настани, вклучително и работилници, средби со заинтересираните страни и студиски престои.

Проектот ќе се реализира во 4 градa, и тоа:

-       Загреб (Хрватска)

-       Скопје (Македонија)

-       Малага (Шпанија)

-       Париз (Франција)

Добри пракси за користење на биогас за потребите на возила

Упатство за анаеробна дигестија на отпад од прехранбената индустрија

www.bin2grid.eu