Повторен Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија 02.6.2022

Град Скопје повторено  објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.

Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:

-  1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози

-  2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

Рокот за пријавување е до 11.06.2022 година.

На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата, надоместок во висина од 25.000,00 денари, во нето износ

Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот

https://skopje.gov.mk/media/8731/javen-povik-z-clenovi-na-komisija-za-obestetuvanje-na-kasnati-od-kucinja.pdf

 Лицата заинтересирани за аплицирање,  прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: Julijana.Bilkova@skopje.gov.mk

Јавниот повик е објавен  врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.