
Кино на отворено во Градскиот парк 03.9.2023
Вчеравечер повторно се уживаше во филмската вечер на отворено, организирана како дел од збогатената културна понуда на Град Скопје за своите граѓани и сите посетители во рамки на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028 година.
На добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, беше прикажан филмот „Панкот не е мртов" од режисерот Владимир Блажевски.
Филмските проекции ќе продолжат да се организираат секоја сабота до средината на септември, и се одлична можност за сите посетители за дружење на отворено и уживање во проекциите на македонските филмски хитови.
- ВЕСТИ
- 11.09.2025 - АВИОНСКО И ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ
- 28.08.2025 - Авионско прскање против ларви од комарци
- 21.08.2025 - Авионско прскање против комарци
- 19.08.2025 - Соопштение за јавност
- 18.08.2025 - Тeрестрично прскање против комарци во Скопје
- 18.08.2025 - Соопштение за јавност
- 17.08.2025 - Соопштение за јавност
- 15.08.2025 - Соопштение за јавност
- 13.08.2025 - Соопштение за јавност
- 12.08.2025 - Соопштение за јавност