Соопштение 28.9.2026
Во просториите на Град Скопје утре (29.09.2026 година) ќе се одржи проектен форум што се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“, кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП и Град Скопје. Форумот е закажан за 13 часот, во Салата до Кабинетот на Градоначалникот.
Присутните на форумските сесии ќе може да даваат предлози и да учествуваат во подготовката на проекти од интерес на жителите на Град Скопје. Низ форумскиот процес ќе се изработуваат и изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамките на вкупниот фонд од 15.000 американски долари.
Присуството на граѓаните, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и поддржани од жителите на Град Скопје.
- ВЕСТИ
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
