Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“ 04.11.2026
Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги поканува сите деца и млади на возраст до 18 години од Скопје да ги испратат своите искрени новогодишни желби. Конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“ почнува од утре (5 ноември) и ќе трае до 1 декември 2026 година.
За учество на конкурсот, во прилог со новогодишната желба, потребно е да се наведат името и презимето на детето и неговата возраст, како и името и презимето на родителот и информација за контакт (меил адреса и телефонски број на родителот). Потребно е да се прикачи и потпишана Согласност, која е достапна на линкот https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/konkursi/.
Детските новогодишни желби заедно со потпишаната Согласност треба да се испратат на меил адресата Poddrskanagradonachalnik@skopje.gov.mk.
Испратените детски новогодишни желби ќе бидат официјален дел од новогодишните содржини во градот во пресрет на Новата 2027 година, ќе внесат позитивна енергија и ќе ја збогатат празничната магија.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
