Соопштение 12.10.2026

На третата форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ што ќе се одржи на 13.10.2026 година (вторник) во 10 часот, во Салата до Кабинетот на Градоначалникот, работните групи ќе ги презентираат своите предлог проекти за подобрување на урбаното живеење што произлегоа од нивната работа во претходните две работни сесии.

По презентацијата на предлог проектите, присутните граѓани, претставници на здруженија на граѓани и на институциите ќе имаат можност да дадат свои коментари, предлози и препораки за предложените проекти, како и да проследат презентација на правилата за избор на најиздржаниот проект.

Проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е спроведуван од УНДП и Град Скопје.

Форумските сесии се организираат со цел присутните граѓани, здруженија на граѓани и претставниците на институциите да даваат предлози за реализација на конкретни проекти од корист на заедницата, а на крајот да се избере најдобриот проект кој ќе се реализира со финансиски средства од  предвидениот фонд.