Одржана работилница за изработка на Стратегија за Локален економски развој за период 2026 – 2029 година 20.11.2026

Градот Скопје со инклузивен и партиципативен пристап, денеска ја оддржа првата работилница за креирање на  Стратегија за Локален Економски развој за период 2026 – 2029 година.

Градот преку оваа работилница ја покажа подготвеноста и желбата за транспарентно и инклузивно работење со вклученост на голем број засегнати страни, каде што секој учесник имаше можност да ја презентира идејата или проектот за подобрување на услугите кон граѓаните, како и конкретно да даде придонес во економскиот и деловен развој за подобрување на квалитетот на живот во градот.  На работилницата учествуваа претставници од секторите во Град Скопје, општините, јавните претпријатија, стопанските комори, занаетчиската комора, приватниот сектор, невладините организации, универзитетите, Министертвото за култура и туризам, како и од Министерството за локална самоуправа.

Учесниците се вклучија во работните групи кои дадоа инпут за визијата на Скопје за четиригодишен период. Стратегијата ја изработува компанијата СЕГ - Холдинг.