Соопштение 19.10.2026

На  четвртата форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ што ќе се одржи на 20.10.2026 година (вторник) во 10 часот, во Салата до Кабинетот на Градоначалникот, членовите на групите ќе  ги презентираат  доработените предлог проекти  што произлегоа од  активностите  на претходните  три сесии.

По презентацијата на предлог проектите, присутните граѓани, претставници на здруженија на граѓани и на институциите ќе имаат можност да гласаат за  предлог проектот за  кој тие сметаат дека неговата реализација  ќе придонесе за подобрување на урбаното живеење  во Скопје.

Проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е спроведуван од УНДП и Град Скопје.

Форумските сесии се организираат со цел присутните граѓани, здруженија на граѓани и претставниците на институциите да даваат предлози за реализација на конкретни проекти од корист на заедницата, а на крајот да се избере најдобриот проект кој ќе се реализира со финансиски средства од  предвидениот фонд.