Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ 27.11.2026
Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории:
- Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
- Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
- Најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект;
- Најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.
Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk, или по пошта, на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака - За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците.
За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците.
Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.
Ве покануваме заедно да придонесеме за поубав и посветол празничен изглед на Скопје и да ја донесеме новогодишната магија во секој дом!
- ВЕСТИ
- 27.11.2026 - Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“
- 20.11.2026 - Одржана работилница за изработка на Стратегија за Локален економски развој за период 2026 – 2029 година
- 18.11.2026 - Град Скопје го започна процесот на изработка на новата стратегија за соработка со граѓанските организации и фондации
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
