Соопштение 20.10.2026

На четвртата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – 2“, одржана на 20 октомври 2026 година, беше изгласан предлог-проектот „Безбедно движење – пешачење, спортување и рекреирање во Скопје“.

На сесијата беа презентирани доработените предлог-проекти, кои произлегоа од активностите и дискусиите на претходните три форумски сесии. Преку учеството во процесот, граѓаните, претставниците на граѓанските здруженија и институциите имаа можност да ги разгледаат предложените решенија и да гласаат за проектот за кој сметаат дека ќе придонесе за подобрување на квалитетот на урбаното живеење во Скопје.

Со изборот на проектот „Безбедно движење – пешачење, спортување и рекреирање во Скопје“ се дава поддршка на иницијатива насочена кон унапредување на условите за безбедно движење, физичка активност и рекреација, како важни аспекти за подобар квалитет на живот на граѓаните.

Форумските сесии имаат за цел да поттикнат активно учество на граѓаните во процесите на локално одлучување, преку предлагање и избор на конкретни проекти од интерес за заедницата. Избраниот проект ќе се реализира со финансиски средства од предвидениот фонд во рамки на проектот.

Проектот „Зајакнување на општинските совети – 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје.

Со ваквиот пристап се поттикнува учеството на граѓаните во креирањето локални решенија и се зајакнува улогата на заедницата во изборот на проекти што се од корист на  нашите сограѓани.