Соопштение 13.10.2026
Третата форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ што се одржа на 13.10.2026 година во просториите на Град Скопје понуди можност работните групи да ги презентираат своите предлог проекти за подобрување на урбаното живеење во Скопје. Присутните граѓани, претставниците на здруженијата на граѓани и претставниците на институциите имаа можност да дискутираат и да даваат предлози и препораки за предложените проекти кои произлегоа од работата на работните групи во претходните две работни сесии.


По презентацијата и дискусијата по предлог проектите, присутните на денешната сесија проследија презентација на правилата за избор на најиздржаниот проект.


Проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е спроведуван од УНДП и Град Скопје. На форумските сесии што се дел од овој проект присутните граѓани, здруженија на граѓани и претставниците на институциите имаат можност да даваат предлози за реализација на конкретни проекти од корист на граѓаните, за на крајот да се избере најдобриот проект кој ќе се реализира со финансиски средства од предвидениот фонд.


- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
