Соопштение 06.10.2026

На втората форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ што се одржа на 05.10.2026 година во просториите на Град Скопје, формираните работни групи имаа можност да ги презентираат своите концепти за идни проекти што произлегоа од работата во првата форумска сесија и да дискутираат за нивните цели и придобивки.

На работниот состанок беа презентирани четири концепти што може да прераснат во проекти, и тоа:

-  Од отпад до уметност;

-  Уредени, функционални и безбедни урбани зелени површини за  безбедно движење - пешачење, спортување и рекреирање;

-  Пристапни јавни установи – набавка и поставување на монтажни рампи за лицата со попреченост;

-  Еко детективи – дигитална мапа на отпадот.

По презентацијата на четирите концепти, работните групи добија насоки како од нив да разработат предлог проекти кои ќе придонесат за подобрување на урбаното живеење и ќе бидат од корист за граѓаните.

Проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е спроведуван од УНДП и Град Скопје. Тој нуди можност граѓаните, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите да разменуваат идеи и да даваат предлози за реализација на конкретни проекти, а на крајот да се избере најдобриот проект кој ќе се реализира со финансиски средства од  предвидениот фонд.