Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје 02.10.2026

Со член 36 од Законот за локалната самоуправа самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/24), утврдена е надлежноста на Советот.

 

Согласно член 23 став 3 од Законот за угостителската дејност самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 71/16 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.31/20, 16/25 и 134/26), Советот на општината, односно Советот на градот Скопје, за одредени туристички, културни и друг вид манифестации, содржани во годишните програми, можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, за угостителските објекти од ставот 1 на овој член, но во времетраење најмногу до три дена.

 

Оттаму а имајќи предвид дека работно време на угостителските објекти е утврдено согласно законот, произлегува потребата од продолжување на истото поради одржување на манифестацијата “Бела ноќ” предвидена согласно Програмата за работа на Секторот за јавни дејности Град Скопје.

 

Од овие причини се предлага Советот на Град Скопје да ја донесе Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје.